Кејт Винслет која неодамна се разведе од сопругот, режисерот Сем Мендес, не сака врски на далечина. Актерката го повикала новото момче Луис Доулер привремено да се пресели од Лондон во Чикаго, каде таа го снима својот нов филм.
Актерката неодамна изјавила дека сака да го спаси својот седумгодишен брак, но брзо се премислила и го објавила разводот. Откако истиот бил финализиран, таа нема премногу обврски па со Луис ужива во секој момент кој го минуваат заедно. По повикала да се всели кај неа за да не бидат премногу раздвоени нити кога таа ќе има повеќе работа.