Оскаровката Кејт Винслет потпишала договор со издавачката куќа „Сајмон и Шустер“ која ќе објави нејзина збирка фотографии наменети на подигнувањето на свеста за аутизмот. Книгата е инспирирана од една песна која ја напишало едно аутистично момче, син на близок пријател на актерката.
Книгата ќе содржи фотографии на славните, меѓу кои актерката Мерил Стрип, Хавиер Бардем, Џад Лоу и Кевин Бејком, кои се фотографирале со „магичниот шешир“, кој во книгата го симболизира комуницирањето на аутистичните деца со останатиот свет. Книгата во продажба би требало да се појави во ноември оваа година.