Откако пред два месеци ја прекинала врската со моделот Луис Доулер, Кејт Винслет наводно е повторно вљубена. Актерката била забележана на вечера во лондонскиот ресторан „Скотс“ со непознат човек. Изгледала многу задоволно. Се шегувале и се смееле и заљубено разговарале.


Оскаровката на вечерата минала речиси три часа по што со човекот одвоено го напуштиле ресторанот. Кејт пред два месеци ја прекинала врската со манекенот Луис Даулер, кој и помогнал да го преброди разводот од режисерт Сем Мендес, со кого го има синот Џои. На актерката тоа и бил втор  брак, а од првиот со Џим Триплетон ја има ќерката Миа.