Жените отсекогаш тежнееле да изгледаат најубаво што можат, а најлесен начин тоа да го остварат наоѓале во примерот на големите холивудски звезди. Угледувајќи се на нивниот стил, кога се обраќале на пластичните хирурзи, најголеми примери им биле Анџелина Џоли и Кејт Винслет. Ретко која од жените копирала само една убавица. Воглавно се комбинирало најдоброто од секоја од нив. Според тоа, најубава коса имала пејачката Тејлор Свифт, а најубави усни Скарлет Јохансон, Анџелина Џоли и Кристина Агилера.
Супермоделот Жизел Бундшен и понатаму важи за најзгодна жена, а во чекор ја следат актерките Џенифер Анистон и Пенелопе Круз. Најбарани очи се оние на Ен Хатавеј, Мила Кунис и Меган Фокс, додека најубав нос имаат Натали Портман, Ема Стон и Никол Кидман. Најубав тен, што е еден од најважните квалитети, имаат Ејми Адамс, Кети Пери и Гвинет Платроу. Она што се променило во трендовите е тоа што жените повеќе не сакаат да изгледаат како барбики, без гради и женска фигура. Напротив, тие сега сакаат да изгледаат што е можно поприродно. Една од најубавите жени кои се горди со своите гради е актерката Кејт Винслет. Жените конечно почнале да одбиваат да бидат претерано слаби и почнале да посакуваат заносно и заоблено тело како песочен часовник. Имено, истражувањето покажало дека жените сакаат гради, наведувајќи ја при тоа Кејт Винслет како еден од најголемите примери на жени со идеални гради.