Кејт Винслет, позната по својата улога во блокбастерот “Титаник“, овој пат го покажала своето голо тело, и критичарите велат дека е на добар пат да добие “Оскар“ за својата најнова улога. Се работи за филмот “Читач“ (The Reader), кој на Кејт веќе и донесе номинација за престижната награда “Златен Глобус“.


Ова нејзино голо појавување ги повлече сомневањата кај оние кои не веруваа дека актерката има такви облини. Имено, таа неодамна  се сликала за списанието “Vanity Fair” гола, но покажала само некои делови од телото. Тие фотографии биле толку добри, што предизвикале сомневања дека е во прашање голема фото монтажа, бидејќи никој не верува оти Кејт со своите 33 години може да изгледа толку добро.