По разводот од вториот сопруг Сем Мендес на почетокот на оваа година, Кејт Винслет е повторно слободна, бидејќи како што тврдат нејзините пријатели, ја прекинала врската со Луиз Доулер. Актерката и манекенот се запознале на забава многу брзо по нејзиниот развод. Таа луиз го запознала со своите родители само неколку седмици по започунавњето на нивната врска.
Заклучиле дека нивната врска нема никаква иднина. Кејт му била благодарна на Луиз бидејќи и помогнал да го преброди разводот и затоа што повторно почнала да се забавува. Актерката сега сакала да се концентрира на кариерата и на своите деца. Од бракот со Сем го има синот Џо, додека од првиот брак со Џим Триплетон ја има ќерката Миа.