Оскаровката Кејт Винслет добила своја ѕвезда на холивудската патека на славните, само неколку часа откако Лос Анџелес бил потресен од земјотрес. Ѕвездата се пошегувала дека земјотресот, кој се почувствувал во целиот град, се случил токму кога се спремала да го храни нејзиниот тригодишен син.

Винслет, која има 38 години, шест пати била номинирана за Оскар, а наградата ја добила во 2009 година за улогата во филмот „Читачот“. На церемонијата членот на градското собрание Мич О’Фарел исто така се пошегувал на сметка на земјотресот велејќи дека земјата во Лос Анџелес буквално се тресе во исчекување на ѕвездата на Кејт Винслет.