Британската актерка и оскаровка Кејт Винслет добила восочна фигура во познатиот музеј „Мадам Тисо“ во Лондон, јавиле британските медиуми. Ѕвездата на „Титаник“ била прикажана во црвен вечерен фустан кој го носела на овогодинешното доделување на наградите Еми на која ја освоила наградата за најдобра актерка во мини серијата “Mildred Pirs”.

Нејзината фигура била поставена во делот каде се наоѓаат најголемите британски актерки, меѓу кои и Хелен Мирен и Џуди Денц. Анкетата меѓу посетителите на музејот која била спроведена неодамна, покажала дека Винслет моментално е најпопуларната британска актерка.