Британската манекенка Кејт Мос доживеа незгода на скијање во Швајцарија, поради која заврши во болница. Имено, Кејт зимскиот одмор го мина во Вербиер, омиленото одморалиште на европската аристократска елита, во друштво на ќерката Лили Роуз и новиот избраник, грофот Николај фон Бизмарк. Меѓутоа, како што пренесуваат британските медиуми, овој одмор нема да и остане во убаво сеќавање, бидејќи последниот ден на планина падна на патеката за скијање и ги повреди лигаментите на коленото.
Откако беше примена во болница, и беше ставен гипс и во следниот период ќе мора да се служи во патерици. Инаку, за време на одморот папараците успеаја да ја фотографираат со новиот избраник, контраверзниот фотограф Николај фон Бизмарк. Манекенката сега ја очекува скап развод од музичарот Џејми Хинс, а таблоидите на големо шпекулираат дека тој развод би можел да ја чини 55 милиони фунти.