Супермоделот Кејт Мос најверојатно ќе се појави во новиот музички спот на Џорџ Мајкл, пренеле британските медиуми. Британската манекенка наводно била многу разочарана што не се појавила во познатиот спот на Џорџ Мајкл од 1990 година за песната “Freedom” покрај Наоми Кемпбел, Линда Еванџелиста и Синди Крафорд.

Неа набрзо по таа изјава и било понудено да се појави во новиот спот на нумерата “White Light” која пејачот ја напишал во април. Песната се бави со неговата битка со запалението на белите дробови минатата година и во спотот наводно ќе се појавела и зебра.