Англискиот супермодел Кејт Мос, која во среда ќе наполни 39 години, се фотографирала за новата кампања на модната куќа „Версаче“ заедно со три згодни момци. Фотосесијата била направена на таканаречената плажа на задоволствата.
Кејт позирала во син и портокалов фустан, а добро намачканите момци во „Версаче“ долна облека ги тренирале своите мускули со јажиња. Еден од нив донел и роденденски подарок за Мос, танкер полн со вино.