Кејт Мос наводно се пофалила дека нејзината тетоважа на дното од грбот вреди најмалку милион евра, бидејќи била дело на покојниот уметник Лусиен Фројд. 
Тој своевремено тетовирал две птички на дното од грбот на моделот, а бидејќи станува збор за славен и многу ценет уметник во сетот, манекенката сметала дека нејзината тетоважа со текот на времето добила на вредност.
Таа изјавила дека некој колекционер сигурно би платил милиони за ова дело. 
Кејт Мос и Фројд се зближиле во 2002 година кога била бремена со ќерката Лила Грејс, а уметникот тогаш насликал портрет на бремената манекенка. 
Сликата подоцна на анонимен купувач била продадена за околу 4,5 милиони долари, па манекенката со право смета дека нејзината тетоважа вреди вистинско богатство.