Манекенката Кејт Мос е фотографирана на одморот во Италија додека без сопругот, во друштво на пријателите се опушта на една јахта, а острото око на фото објективот забележа дека манекенката сеуште ја носи бурмата. И додека отсуството на нејзиниот сопруг Џејми Хинс било очигледно и посебно интересно за медиумите, посебно откако се појавија гласини за нивниот се поизвесен развод, сепак се чини дека манекенката не е спремна така лесно да се откаже од бракот. Освен што беше фотографирана во ретко репрезентативно издание, се забележа и еден детал кој е во прилог на тоа што манекенката не е спремна да стави точка на брачниот живот.

 

Имено, Кејт сеуште ја носи бурмната која ја стави пред четири години кога се зарече на вечна љубов кон Хинс. Гласините дека парот е пред развод се појавија неодамна, а тогаш таблоидите пишуваа дека Мос и Хинс не живеат заедно уште од април, за дополнително да бидат подгреани кога нејзиниот сопруг се појави сам на Гластонбери, музички фестивал кој е омилен на манекенката.