Гласините дека Кејт Мос се мажи кружат веќе со месеци. Бидејќи со своето момче била видена како излегува од една златара, станало извесно дека наскоро ќе го каже судбоносното ДА. Кејт и нејзиното момче Џејми Хинс во октомври демантирале дека се венчале во тајност за време на летниот одмор на Сицилија. Британските медиуми соопштиле дека Хинс ја запросил Кејт на почетокот на оваа седмица и дека таа прифатила.


Една пријателка на Кејт која сакала да остане анонимна, изјавила дека Кејт е воодушевена, како и дека парот ја соопштил веста на семејството и пријателите. Венчавката наводно ќе биде во јули, а ќерката на манекенката Лила Грејс ќе биде деверица. Кејт неодамна го прославила својот 37 роденден, и тоа со две журки, едната во Лондон, а едната во Париз.