Најпознатата светска манекенка Кејт Мос составила список на бендови кои би сакала да ги слуша на својата свадба закажана за 2 јуни. Меѓу популарните музичари кои ги избрала Кејт се наоѓаат „Rolling Stones“ и “Led Zepelin”, а манекенката наводно сака да организира свадба која би наликувала на музички фестивал.
На списокот исто така се нашле и “Duran, Duran”, “The Clash”, “Primal Scream” како и нејзината пријтелка Бет Дито. Еден нејзин пријтел изјавил дека таа навистина подготвува големи работи за свадбата од своите соништа и не сакала да губи време. Веќе почнала да ги кани гостите и да го организира целиот настан, кој планира да трае цел викенд.