Британската манекенка Кејт Мос која е позната по лудите забави, одлучила да стане ди џеј, па доколку некој сака да ја види во ди џеј кабината и да ги слушне нејзините миксови, ќе мора да плати 250 илјади фунти за половина час. Популарната манекенка пуштала музика на прославата која ја организирала модната куќа „Прада“ минатиот месец во Париз, а за настапот добила 250 илјади фунти.
Извор за британските медиуми рекол дека на Кејт многу и се допаднало тоа што пуштала музика во Париз. Поради тоа сакала да продолжи да се занимава со тоа, но само на ексклузивни настани. Таа мислела дека нејзината цена е разумна, а тоа го потврдиле многумина кои ја слушнале.