Манекенката Кејт Мос и нејзиниот сопруг Џејми Хинс доживеале вистински земјотрес на својот меден месец на Корзика. Земјотрес од 5,2 степени според рихтеровата скала ја погодил Корзика минатата седмица, токму во периодот кога Кејт со сопругот пристигнале на своето свадбено патување.
Меѓутоа среќна околност за младенците било тоа што во моментот на земјотресот тие не се наоѓале на островот, туку уживале на јахтата на својот пријател Филип Грин, па немале некои поголеми непријатности.