Супермоделот Кејт Мос планира во подрумот од својата куќа да направи теретана вредна 1,3 милиони долари. Оваа манекенка, која живее со сопругот Џејми Хинс и осумгодишната ќерка Лила Грејс во вила од 19 век, вредна 11,5 милиони долари во северен Лондон, поднела молба за реновирање на својот дом. Таа планира да направи три соби за гардероба и да инсталира огромен сателит и осум безбедносни камери.


Целото адаптирање и реновирање на куќата ќе ја чини 4,1 милион долари. Според пишувањето на британските медиуми, теретаната која манекенката сака да ја направи е дел од планот таа и Џејми да водат здрав живот и што побрзо да добијат бебе. Кејт Мос и Џејми Хинс се венчале на 3 јули оваа година.