Една од најпознатите светски манекенки, Кејт Мос посетила клиника за лечење на стерилитет, бидејќи очигледно планира бебе со вереникот Џејми Хинс. Кејт поминала речиси еден час во една од најдобрите клиника на југот од Лондон.


Еден очевидец изјавил дека кога конечно излегла надвор, била пресреќна. Британските медиуми пишуваат дека таа веќе ја преуредувала детската соба во својата вила во главниот град на Англија. Манекенката се верила со гитаристот Џејми Хинс минатиот месец, а свадбата ја закажеле за ова лето. Кејт веќе ја има осумгодишната ќерка Лили Грејс, која ја родила додека била во врска со Џеферсон Хек.