После големата забава која траела цел викенд, новопечените младенци Кејт Мос и Џејми Хинс со хеликоптер од Колтсволдс, каде се одржала свадбата, отишле на меден месец. Супермоделот носела бели Стела Мекартни пантолони, а нејзиниот сопруг бил во нешто поопуштена комбинација. Локацијата каде се упатиле останала непозната и строго се чува во тајност.
Сепак, се нагаѓа дека парот ќе оди на Тајланд или дека медениот месец ќе го минат на екскурзија по африканските земји и Сахара. Се проценува дека нивната раскошна венчавка чинела скоро милион фунти. Колку ќе чини медениот месец останува непознато, но сигурно младенците не ги штедат парите кога е во прашање добра забава.