Манекенката Кејт Мос во понеделникот се појавила пијана на аеродромот во Бодрум, од каде патувала за Лондон. Во авионот на една нискобуџетна компанија влегла без билет.
Со оглед на тоа што има многу пари, многумина биле изненадени што не се одлучила за полуксузно патување. Кејт, наводно, во Турција била на одмор и на третмани за детоксикација, но изгледа се опуштила со премногу алкохол. Еден од сопатниците на Твитер напишал „Во моментов летам со многу пијаната Кејт Мос“.