Кејт Мос ја напишала автобиографската книга “The Kate Moss book” во која навела дека никогаш не земала хероин и дека никогаш не била анорексична. Имено, познатата манекенка во својата книга прави осврт на деведесеттите години кога јавноста ја етикетирала како зависничка од хероин и кога ја прогласиле дека има анорексија.
Таа изјавила дека никогаш не се бранела од тие наводи и дека никогаш не била нешто од тие две работи. Исто така навела дека не сакала да ги коментира тие приказни бидејќи така била советувана од тогашното момче Џони Деп. Во тоа време дури и Бил Клинтон, тогашниот претседател на САД, го прокоментирал нејзиниот слаб изглед. Манекенката се досега не рекла ниту еден збор за своите пороци и за тоа минато време.