Пред точно десет години Кејт Мос можеше, се разбира со малку шминка, да стане и Мерилин Монро. И на свои 30 години имаше лице и тело за кои веднаш беше јасно поради што стана една од најбараните и најплатените манекенки на планетата. Сепак, годините, децениите бурен и нередовен живот зачинет со алкохол и никотин, оваа интересна жена ја направија речиси непрепознатлива.
Да не постоеше фотошопот и шминката, тешко дека би се појавила на насловните страни на списанијата и како заштитно лице на бројни брендови. Фактот што и ден денес работи во модната индустрија е последица на тоа што отсекогаш била скандал мајстор, па така себе и понатаму си ја држи цената и е редовно присутна во светските медиуми.