Контраверзната манекенка неодамна започнала да оди на терапија со хипноза да што побргу да се реши од зависноста од алкохол и цигари. Извори блиски на Кејт Мос им откриле на британските медиуми дека манекенката сака што побргу да остане бремена со момчето.
Момчето Џејми навистина сакал дете, а Кејт била свесна дека мора најпрво да се одрекне од своите пороци, па дури потоа да остане бремена. Таа и Џејми Хинс се во врска неколку години, а Кејт од претходната врска ја има ќерката Лила.