Никој немал поголемо дејство и со своето облекување не ги диктирал модните трендови како Кејт Мос. Затоа била избрана за најдобро облечена жена на деценијата, објаснила Александра Котур, уредникот на рубриката за стил во американското списание “Vogue”. Додала дека Кејт Мос без оглед на тоа што ќе облече секогаш изгледа сјајно.
Новинарите на угледното списание со уредникот Ана Винтур и оваа година ги избрале најдобро облечените дами. Титулата најубава американка ја понела актерката Џесика Бел. Нејзината помлада колешка Блејк Ливли, попозната како Серена од серијата „Трачерка“ е прогласена за откритие на 2010.