Одмарајќи се на егзотичниот Тајланд, британската манекенка воопшто не штедела, па за осум дена задоволство платила повеќе од 120 000 евра.

Кејт била широкоградна, па со себе освен момчето, ќерката и дадилките, повела и тројца пријатели.

Кејт и пријателите се забавувале пет дена на луксузна јахта, а сите гости, вклучувајќи го и синот на пријателката и двете дадилки, имале свои луксузни кабини на крстарењето по Андаманското Море.


Само една луксузна вечера чинела преку 33 000 евра.

Сите заедно по крстарењето одлучиле да се преселат на копно, каде што поминале три дена во приватна вила која е дел од гламурозниот хотел Аманпури.

Еден неименуван очевидец се пофалил:„Никој никогаш нема видено таква дарежливост, таа се расфрлаше со неверојатни парични износи. Шампањско се точеше во потоци, а кога стигна сметката, таа не ни трепна“.