Манекенката Кејт Мос многу пати во кариерата ја красела насловната на Вог, а во мартовскиот број на познатото списание ќе се појави во улога на модна уредничка. За првата задача како уредник, славната Кејт ја избрала манекенката Дарија Вербова, која позирала пред објективот на Мерт Алас и Маркус Пигот, додека насловната страна на направил славниот фотограф Марио Тестино.

Како инспирација и послужил бендот „Destroy All Monster“ од седумдесеттите години. Главната уредничка на списанието ја пофалила Кејт, велејќи дека манекенката се одлично направила и во потполно ја презела улогата на главна уредничка. Дури и ја одвела Дарија на ноќна забава.