Ретко кој може и да претпостави дека супермоделот Кејт Мос воопшто влегува во кујна, а не дека е дури и сјајна готвачка, но таа го тврди сосема спротивното.


Британската манекенка тврди дека најдобро подготвува печено месо, и има таен рецепт за домашен сос, со кој го прелива, а кој е најдобар на светот.

“Зависи колку сум зафатена во одреден период, но има денови кога знам да ја запоседнам кујната и подготвувам разни јадења, а печеното месо го правам со затворени очи“-вели Кејт.