Кеј Мос се иселила од куќата која неодамна била ограбена од крадци. Истата ја продава за околу 15 милиони евра. Манекенката за себе купила нова куќа во елитниот дел на Лондон. За неа платила нешто повеќе од 11 милиони евра. Во новата куќа ќе живее заедно со момчето Џејми Хинс и ќерката Лила. Веднаш до нив живее и популарниот актер Џад Лоу.
Освен што се занимава со купопродажба на недвижности и е најдобро облечена жена на светот според списанието „Вог“, таа со момчето планираат да купат заедничко гробно место во Париз. На истите гробишта биле закопани Оскар Вајлд и Џим Морисон. Еден пријател на манекенката рекол дека таа и Хинс едноставно сакаат да бидат заедно засекогаш.