Манекенката Кејт Мос наводно веќе неколку седмици преговара со актерот Кевин Спејси и режисерот Сем Мендес околу улога во претставата “The Termpest”. Британските медиуми пренесуваат дека Кејт добила мала улога на нимфоманка во драмата на Вилијам Шекспир.
Спејси е уметнички директор на лондонскиот театар. Британската манекенка наводно последниве неколку месеци вежбала и посетувала курсеви по глума. Не се знае датумот за премиерната изведба на нејзината претстава.