Кејт Мос мисли дека куќата и е проколната, откако крадци два пати влегле во неа, па одлучила да си пронајде нов дом. Крадци провалиле два пати во една седмица и предизвикале поплава која целосно го уништила подот. Таа веќе започнала да бара нова куќа.
Крадците украле предмети во сеуште неодредена вредност. Украле воглавно уметнички дела, вклучувајќи и слика на познатиот британски уметник Бенкси, која чинела околу 100 илјади долари. Поплавата многу ја вознемирила манекенката. Затоа посакала нов почеток во нов дом.