Три седмици пред венчавката за Џејми Хинч, манекенката одлучила добро да се забавува со многу алкохол и во женско друштво. Во последните денови на слободниот живот, Кејт Мос одлучила да ужива онака како што најдобро знае, опуштено и со многу алкохол. Затоа со своите пријателки отишлa на тридневен рок фестивал.
Резервирала ВИП дел за 30 свои пријателки и постојано нарачувала пијалоци. Така девојките во една ноќ испиле 120 шишиња Махики рум, но и тоа не им било доста, па испиле и неколку шишиња шампањ, водка и џин. Махики румот сепак најмногу им се допаднал, а бидејќи организаторите не предвиделе дека Кејт и друштвото толку ќе испијат, морале со хеликоптер да достават уште неколку пакети од овој пијалок.