Манекенката Кејт Мос се фотографирала за насловната страница на Плејбој, по повод 60. роденден на славното списание. Секси манекенката, со уши и опавче како вистинска зајачица, оставила многумина без здив. Дури 18 страници од јубиларниот број на списанието биле посветени на британската манекенка, која се соблекла до крај.

На неколку фотографии Кејт се појавува топлес, носејќи ја само маската на зајачица. Со јубилејот на Плејбој Британката ќе го прослави својот 40. роденден. Списанието во продажба ќе се најде во јануари 2014 година.