Британската модна икона Кејт Мос после 17 години повторно се фотографирала за насловната страна на машкото списание „Исквајер“, носејќи на себе само бело сако и проѕирен топ украсен со скапоцени камења на стратешките места. Списанието во продажба ќе се појави во среда, а судејќи по фотографиите, Мос сеуште не изгубила од гламурот по кој е препознатлива.
Последен пат насловната на „Исквајер“ ја красела во 1993 година. Уредникот на списанието Алекс Билмес изјавил дека Кејт е „неговата генерација“ и „олицетворение на британскиот секс, гламур, хедонизам и ведар дух“. Додал дека таа е единствена британска фигура, преолго монополизирана од женските модни списанија.