За разлика од претходните години кога своите родендени ги славеше со голем број познати на забави кои траеле и по неколку дена со ред, Кеј Мос својот 37 роденден го обележала со романтично патување со партнерот Џејми Хајнс во Париз.


Кејт и Џејми биле снимени на прошетка по улиците во Париз, а делувале посреќно од кога било, што само дополнително ги подгреало шпекулациите на медиумите дека актерката е во блажена состојба. Уште еден знак дека манекенката лудите денови ги оставила зад себе е и неодамнешната посета на Тајланд, каде го прочистувала својот организам пиејќи само лимонада и сок на база на кокос.