Иако пред четири месеци се омажила, по што многумина помислиле дека проблематичната манекенка конечно ќе се смири, Кејт Мос не го изгубила апетитот за стариот начин на живот. И понатаму сака да пие, па дури е во состојба да го замени оброкот со лименки пиво.


Кејт, која неодамна пресојувала на Јамајка, додека била таму секојдневно пиела по три лименки пиво и пушела по цела кутија цигари. Манекенката тврдела дека ужива во бракот, но и дека имала потреба да оди на Јамајка за малку да одмори од брачните обврски. Доколку се земе во предвид дека се омажила само пред четири месеци, ова не може да излезе на добро. Но, кога во прашање е Кејт, веќе навикнавме на чудни потези.