Една од најпознатите манекенки на светот Кејт Мос денес полни 42 години. Манекенката која во деведесеттите години направи револуција на модната сцена, и оттогаш упорно се спротиставува на налетите од младите модели, денес стана бренд за себе. Иако веќе некое време се наоѓа во петтата деценија од животот, сеуште е заштитно лице на бројни модни и козметички имиња, а од скандалите кои се врзуваа за неа излегуваше уште посилна. Кејт е манекенката која е заслужна за “хероинскиот шик“, а нејзиниот стил ги залуде девојките и жените ширум светот. Позната е по развратниот животен стил, а медиумите едвај ги чекаа нејзините инциденти, кои ги имаше во завиден број.
Во деведесеттите години од минатиот век со Џони Деп кршеше хотелски соби, на почетокот на новиот милениум влезе во врска со новинскиот издавач Џеферсон Хак со кој ја доби ќерката Лил Грејс, но и таа врска не траеше долго. Набрзо потоа почна да излегува со младиот Пит Доерти, кој го запозна на прославата на својот 31. роденден. Тие двајца се најдоа на насловните на сите медиуми кога беа снимени како конзумираат кокаин во студиото во кое Пит со бендот „Libertines“ го снимаше новиот албум. Поради тој скандал Кејт остана без бројни договори, вклучувајќи го и оној со „H&M“. После тоа ја започна врската ко Џејми Хинс, за кој се омажи во 2011 година и од кој неодамна се разведе.