Омилена трудница во Велика Британија моментално е принцезата Кејт која за прв пат се појавила во јавноста со видно заоблениот трудники стомак. Откога се дознало за нејзината бременост, Кејт ги избегнувала јавните настани, што поради силните утрински мачнини, што поради одморот на Карибите.

Иако некои италијански таблоиди минатата седмица за прв пат објавиле фотографии на кои се гледал стомакот, поради силната цензура, британската јавност дури вчера го видела растечкиот стомак на принцезата. Таа во едноставно пепито фустанче на преклоп отишла во посета на едно хуманитарно здружение во Лондон, а сите очи биле вперени токму во нејзиниот стомак.