Сопругата на бритаснкиот престолонаследник, Кејт Мидлтон, моментално е на одмор на Малдивите. Со војвотката од Кембриџ биле нејзините родители, братот и сестрата, како и двајца телохранители. Принцот Вилијам ќе се придружел на семејниот одмор кога ќе завршеле неговите воени обврски.

Кејт изнајмила вила со поглед на плажата, а наемот чинел околу 15 илјади фунти. Се наоѓала на брегот на малиот приватен остров Мустик. Членовите на британското кралско семејство биле редовни посетители на островчето. Инаку, на истиот остров често се омарале и Дејвид Боуви како и Мик Џегер.