Односите на кралицата Елизабета и Кејт Мидлтон се се’ полоши, тврди пријателка на принцезата, додавајќи дека британската кралица ужива јавно да ја понижува сопругата на својот внук Вилијам. Покрај тоа, кралицата постојано ја малтретирала Кејт.

Се започнало кога кралицата повторно го вовела старото правило : “Сите особи од дворот кои не се со кралска крв треба да се поклонат секогаш кога ќе сретнат некој од членовите на кралското семејство“.

Иако е предодредена и самата еден ден да биде на британскиот трон, Кејт е принудена да клекне кога ќе се најде пред членовите од семејството од својот сопруг.

Истиот извор наведува дека  кралицата повторно го вовела ова правило само да ја понижи младата принцеза и да ја потсети дека иако е многу славна, е помалку значајна од кралицата и било кој друг член од кралското семејство. Кралицата го прави тоа бидејќи е љубоморна на популарноста на Кејт.