Војвотката од Кембриџ променила многу од своите животни навики како би останала бремена. Наводно, се откажала и од брзата храна и гумените бомбони. Додека го исчекуваат доаѓањето на свет на првото дете на омилениот кралски пар, британските медиуми на сите начини се обидуваат да дознаат што повеќе детали за бременоста на принцезата.
Кејт последен пат лудувала на забава кај една пријателка во јуни и тогаш последен пат била видена со алкохол, бидеќи набрзо потоа се обратила кај лекар за да добие совети како побрзо да забремени. Откажувањето од алкохолот наводно не и паднало тешко, но наводно имала голем проблем со откажувањето од брзата храна, бомбоните, како и кафињата и цигарите кои не ги конзумирала често.