Војвотката од Кембриџ сеуште не ги решила трудничките мачнини. Нејзината пријателка Џесика Хај открила дека Кејт помош пронаоѓа во хипнозата која и го враќа здравиот апетит. Таа тврдела дека на Кејт и било тешко да изеде цел оброк и дека кога ќе види храна чувствува мачнина. Терапијата со хипноза и ја предложил нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Хај открила дека хипнотерапијата ги отстранувала сите негативни мисли поврзани со храната и утринските мачнини и ги заменувала со здрава желба за јадење. Кралскиот пар сакал уште во ноември да ја објави веста дека чекаат дете, но веста ја упропастила болеста на Кејт поради која морала да мине три дена во болница.