Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон денеска роди ќерка, соопштија од Кралската палата.

Девојчето се родило тешко 3,7 килограми, а војвотката од Кембриџ се породила во лондонската болница Сент Мери, а на породувањето присуствувал и таткото Вилијам.

Кејт се породила во 8.34 часот по локално, односно во 9.34 по средноевропско време. Мајката и бебето се добро, пишува во соопштението објавено на Твитер. Името на принцезата се уште не е познато.

Кејт била примена рано утрово на приватното одделение за акушерство во болницата Сент Мери, каде во јули 2013 година го роди своето прво дете, принцот Џорџ.

Новородената принцеза е четврта по ред за британскиот престол, после нејзиниот дедо Чарлс, татко и Вилијам и братот Џорџ.

OhridNews