Британското издание на списанието Вог ќе обележи 100 години со редок портрет на војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон на кој таа изгледа лежерно на село. Кејт Мидлтон се определи за опуштен изглед за своето прво фотографирање за насловната страница на Вог. Модното списание ќе објави серија фотографии од војвотката кои ги сними Џош Олинс во изданието за јуни, а некои ќе бидат претставени во британската национална галерија за портрети.

 

Кенсингтонската палата соопшти дека Кејт изјави како фотографиите се направени на опуштен и забавен начин, изразувајќи надеж дека луѓето така и ќе ги прифатат. Неформалната облека претставува спротивност на формалните портрети кои се вообичеани за високите кралски личности. Кејт Мидлтон планира во среда, на 4 мај да ја посети националната галерија на портрети во Лондон како би ја видела изложбата на Вог.