Кејт Мидлтон и принцот Вилијам чекаат второ дете, пишува британското списание „Глоуб“. Близок извор открил за списанието дека Кејт носи девојче, и дека доколку кралицата Елизабета даде свој благослов, бебето ќе се вика Дајана, како мајката на принцовите Вилијам и Хари.

Истиот извор рекол дека веќе некое време Кејт има труднички стомак кој се гледа. И самата Кејт ги поттикнала гласините за бременоста кога пред неколку дена била снимена во Лондон во тесен фустан на еден свечен прием.