Војвотката од Кембриџ го посетила училиштето во Манчестер кое страдало од подметнат пожар. Некои медиуми ја критикувале што во сиромашната населба се појавила во фустан од 1200 евра. Новото игралиште на основното училиште кое чинело 40 илјади евра било спалено до темел од некои вандали.
Посетата на Кејт била изненадна и најавена само неколку часа претходно. Таа разговарала со учениците кои воодушевено ја дочекале а потоа и со родителите и наставниците. Била критикувана од медиумите затоа што носела цветен фустан од канадската марка „Ердем“ кој чинел 1200 евра.