Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, наводно ќе мине шест седмици во домот на родителите после породувањето. Војвотката од Кембриџ нема намера да најми дадилка за детето кое ќе биде терто во редот за британскиот престол. Наместо тоа, таа наводно на пријателите им рекла дека на почетокот ќе и помагаат нејзините мајка и татко. Таа додала дека се чувствува најсигурно во кругот на свото семејство и дека верува како нејзината мајка е најдобрата личност која може да и помогне околу грижата за детето.

Неименувани извори тврдат дека мајката на Кејт Мидлтон, Керол, била воодушевена што ќе стане баба и дека веќе започнала со реновирање на својот дом како нејзината ќерка и внуче би се чувствувале како дома. Бротанките медиуми шпекулираат дека Кејт Мидлтон ќе се породи во приватното крило во болницата Сент Мери во Падингтон, каде бил роден и принцот Вилијам.