На уредничката на најгламурозното модно списание, Ана Винтур, никој сеуште не ја одбил. Никој, освен војвотката од Кембриџ. Кејт Мидлтон наводно не сака ниту да слушне да се фотографира за популарното списание, а Ана повлекла врски од Бакингамската палата кои би требало да ја убедат Кејт да соработува со неа.
Добро упатените тврдат дека Ана е очајна што Кејт упорно ја одбива, па го убедувала фотографот Марио Тестино да ги повлече своите врски од кралското семејство како принцезата најпосле би ја прифатила понудата. Инаку, Тестино бил добар пријател со принцезата Дајана и принцот Вилијам, а кралскиот пар минатата година го најмил да направи заеднички фотографии. Изгледа дека тоа и било сосем доволно на Ана добро да ја притисне Кејт Мидлтон, која дури одбила и фотографирање за британското издание на списанието „Вог“.