Кејт Мидлтон неодамна имала спонтан абортус, пишува американскиот часопис „Globe“. Војвотката од Кембриџ наводно останала бремена набрзо по кралската венчавка, но неодамна го изгубила бебето. Кога тоа се случило Вилијам не бил покрај неа, но веднаш побрзал да ја утеши.


Кралскиот биограф Ендрју Мортон изјавил дека доколку Кејт не остане бремена во рок од девет месеци по венчавката, ќе ја прекине традицијата долга 200 години. Во семејството на британскиот принц постои долга традиција да се роди дете набрзо по свадбата, па така Вилијам и неговиот татко Чарлс се родени на почетоците на браковите на нивните родители. Набрзо по венчавката се појавиле и гласини дека Кејт не може да има деца.