Сопругата на принцот Вилијам е на работ на анорексија. Има 45 килограми, јаде само јајца, боровинки и супи и вежба по два часа секој ден.
Со нејзиното мени се бават сите таблоиди во Велика Британија, а приказната за нејзиното нагло слабеење, само два месеци по венчавката, потполно ја притиснала во втор план приказната за љубовта на новиот пар.
Кејт наводно им се спротивставувала на сите кои добронамерно се обидувале да ја убедат дека мора да почне нормално да се храни. Војвотката од Кембриџ, наводно доручковала само варени јајца, ручала боровинки, а вечерала супи.
Младиот принц Вилијам, чија мајка Дајана исто така имала пореметување во исхраната и болувала од булимија се труди да и даде максимална поддршка на својата сопруга.